Какво време не очекува во наредните пет дена?

Есента полека го зазема својот простор, дожд, ладно – дали навистина ќе треба да ги заборавиме топлите денови (не оние летните) кога сонцето умееше да не милува…Еве што најавува УХМР за наредните 5. дена:
Денес не учекува студено утро, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Дневните температури ќе се движат од 20. до 25. степени.
За утре, понеделник, се најавуваат студени утра, но во текот на денот ќе дојде со промена и не очекува претежно сончев ден со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17. до 28. степени, на југот на земјата.
За вторник се најавува сончево со мала, а на југоистокот со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минимална температура: 1°C до 10°C. Максимална температура: 20°C до 26°C.
Во среда ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минимална температура: 6°C до 13°C. Максимална температура: 15°C до 21°C.
Во четврток треба да очекуваме облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 8°C до 14°C. Максимална температура: 13°C до 19°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …