Какво време не очекува наредните 5. дена: Еве што најавува УХМР!

УХМР ја најави временската прогноза за наредните 5. дена:

Денеска ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 8. до 15.
За утре (четврток) се најавува претпладне значително облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, а дневните од 8. до 14.
Во петок се очекува претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла, а прреку денот претежно сончево со мала до умерена облачност. Минимална температура: -2°C до 4°C. Максимална температура: 11°C до 17°C.
Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: -2°C до 5°C. Максимална температура: 11°C до 18°C.
Во недела не очекува сончево со мала до умерена облачност, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе дува слаб вдолж Повардарието југоисточен ветер. Минимална температура: -1°C до 6°C. Максимална температура: 10°C до 18°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …