Какво време ќе ни донесе оваа недела?

Последни денови од овогодинешниот јануари нема да донесат некоја значајна промена на времето. Останува претежно ведрото време, слабата магла по котлините наутро и препознатливата заматеност преку ден. „Поубавото“ време во комбинација со чистиот воздух ќе биде „резервирано“ за повисоките места.
Утрата остануваат релативно студени, барем до среда. Минималната температура главно ќе има вредност помеѓу -7°С и -2°С низ котлините, а на повисоките места околу -8°С.
Натпросечно топлото време, односно високата вредност на максималната температура останува во овие последни денови од јануари. Истата се’ до среда ќе има вредност која ќе биде помеѓу 8°С и 12°С во котлините од северниот и западниот регион, како и на повисоките места во осоговскиот и малешевскиот крај, но и на повисоките населени места во западниот регион. Најтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 15°С.
Промените на времето се очекуваат со промената на календарскиот месец. Уште на почетокот од февруари се очекува промена во однос на температурата. Утрата во првите два февруарски дена ќе бидат нешто потопли во однос на претходните денови, особено во петок.
Минималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу -1°С и 3°С низ котлините, а на повисоките места околу -3°С.
Од друга страна пак, температурата преку ден во однос на последните денови од јануари ќе бележи пад, особено в петок. Но, и со овој очекуван пад на температурата, нема да имаме особено студено време.
В четврток температурата ќе биде пониска за околу 2°С до 3°С во однос на среда, додека в петок максималната температурата низ котлините во северниот и западниот крај низ земјава ќе има вреност помеѓу 5°С и 8°С, а на југоисток околу 9°С.
Во однос на времето, првиот ден од февруари ќе започне со магливо утро по котлините, со услови за значајно намалена видливост во одделни котлини. Во текот на денот во добар дел од котлините ќе има услови да се задржи пооблачно време, со ниска облачност, додека на повисоките места ќе биде релативно време.
Петок ќе донесе поголема промена на времето. Наутро ќе започне со умерен ветер од јужен правец. Во текот на овој ден се очекува позначајно наоблачување кое ќе донесе дожд на пониските места, додека снег се очекува на повисоките места. Доцна попладне во северните делови од земјава ќе има услови врнежите да преминат во снежни на висина до околу 400 метри. Но, врнежите се очекува да престанат рано навечер, така што некоја значајна снежна покривка тешко дека ќе видиме, најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …