Известување за патниците на Скопскиот аеродром за 7.мај 2019

Со оглед на посетата на Папата Францис на Република Северна Македонија, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопјесогласно информациите објавени на веб-страницата https://papa.mk, ги информираме сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворенза сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворенза сообраќај. За сите детали во врска со режимот на сообраќај од Аеродромот до Градот Скопје и евентуални измени, Ве молиме проверете ја веб-страницатаhttps://papa.mk/soobrakjaj/и контактирајте ги релевантните државни институции.

Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниотпревозник Манора, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна. За сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до Аеродромот, Ве молиме проверете на веб-страницата на Манора:https://www.manoragroup.com/en


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …