Изложба на фотографии од Бобан Китановски 

📅 21.3.2024, 20 часот
📌 Империјал 2
⛰️ Ни претставува огромна чест и задоволство, на осумгодишнината од одржувањето на планинарскиот предизвик „12 Врвови” на ПК Трансферзалец да ви претставиме 30 одбрани фотографии сликани од планинарот – Бобан Китановски, чиј објектив и фотоапарат редовно ги овековечуваат искачувањата, чекорите и уживањата на врвовите и планините во Македонија.
На овој настан ќе биде претставено и второто подобрено издание на книгата „Планински врвови во Македонија” од Марио Шаревски, која е збирка на податоци за 61 планински врв искачени во првото петолетие на предизвикот со додаток за Првата – Западна Македонска Трансверзала и бројни мапи од планинарските патеки.
Изложбата ќе биде отворена со поздравен говор од г-дин Зоран Читкушев, претседател на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија – ФПСМ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …