ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖАЛО: Убавите луѓе имаат помалку среќа во љубовта

Социолозите од Универзитетот Харвард откриле дека привлечните луѓе често имаат потешкотии да останат во долги врски.
Во едно неодамнешно големо истражување, тие сфатиле дека убавите луѓе можат побрзо да најдат партнер, но тешко им е целосно да се посветат на врската.
Водачот на истражувањето Кристина Макеламс сакала да го истражи митот според кој убавите луѓе имаат поголема среќа во љубовта отколку помалку привлечните луѓе. Таква, барем, како што вели, е сликата што ја дава светот на литературата и филмот.
За своето истражување таа користела, меѓу другото, средношколски годишници во кои учениците биле класифицирани како помалку или повеќе атрактивни. Кристина му дозволила на нејзиниот тим да истражи дали и колку долго подоцна биле во брак, пишува Miss7.
Нивното истражување довело до изненадувачки резултат: колку личноста била поубава, толку е помалку „успешна“ нивната врска.
Кристина Макеламс го објаснува резултатот од истражувањето на следниов начин:
– Оние кои се привлечни имаат повеќе можности кога се во прашање врските. Сепак, токму тоа ја прави врската почувствителна на надворешни закани.
Нејзиниот заклучок е – премногу алтернативи не влијаат на долговечноста на врската.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …