„Интимни фамилијарности, сплотени разлики“ – воведно предавање на Катерина Шекутковска

Срдечно Ве покануваме вешерва во 19:00 часот на првата средба на овогодинешната читачка група на КСП Центар-Јадро. Со воведното предавање, насловено: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“, започнуваме со четвртиот циклус средби кој оваа година ќе го истражува продуктивниот и возбудлив пресек помеѓу феминизмот и студии за животните. Овој интерсекциски пристап нуди согледби на мноштво интересни паралели помеѓу видовите кои поттикнуваат да се преиспитаат наметнатите разлики, да се реобмислат често опозициски поставените категории човек/животно, како и да се имагинира една нова етика која ќе ги вклучува правата на сите видови.

Токму сличностите и разликите меѓу видовите, но и дефинирањето на нивната заедничка борба стојат во фокусот на воведното предавање: „Интимни фамилијарности, сплотени разлики“. Разгледувајќи ги епистемолошките, родовите (перформативно-идентитетските), етичките и трудово-правните аспекти на односот и соодносот на човекот (односно жената) и животното. Во рамки на предавањето ќе бидат претставени темите, авторите/ките и текстовите кои ќе бидат обработени и дискутирани за време на осумте средби на читачката група. Сродноста во доживувањето на жената и животното како ‘друг’, но и меѓусебната зависност и поврзаност на категориите во начинот на кој размислуваме за анималноста и родот, претставуваат еднакво важни теми за читачката група, како и важноста за реконцептуализација на човековиот однос со нечовечки суштества и постојните динамики на моќ. Токму низ преиспитување на наводната привилегија на човекот над животното и сличностите во феминистичката борба и борбата за правата на животните, се отвора простор за градење на нова еко-феминистичка етика и практика, која неретко го наоѓа својот израз и во уметностите. Во последниот дел од предавањето ќе се осврнеме и кон неколку примери во кои јасно се гледа третманот на овие прашања и теми во уметноста, особено во книжевноста.


Покрај содржинскиот дел, во рамки на предавањето ќе биде презентирана и целосната програма на средбите, термините како и можностите за учество.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ ќе го реставира филмот „МИС СТОН“

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на …