Хрватската пејачка Тереза Кесовија се наоѓа во болница во Загреб поради воспаление на поткожното ткиво на десната нога.
„Се ќе биде добро. Во ред е, благодарение на прекрасните лекари и медицински сестри и прекрасната Алемка Маркотиќ“, изјавила Тереза за Јутарњи лист.
На почетокот на месецов почнала да трпи големи болки и решила да побара лекарска помош.
„Го направив тоа во моментот кога болката стана неподнослива и не можев да спијам поради тоа“, објаснила таа.
Лекарите и рекле дека мора да остане во болница.
„Некако се надевав дека ќе може без тоа, но им верувам на лекарите и имам голема почит за нивната напорна работа, па ги послушав, се спакував и дојдов во болница пред неколку дена“, рекла таа.
Додала дека е во најдобри раце и дека ногата се помалку ја боли.
„Се разбира, сè уште го чувствувам тоа, што е нормално бидејќи тоа не е воспаление кое ќе помине само по себе. Морам да пијам лекови и морам да лежам со крената десна нога. Морам да ја ‘штедам’ таа нога , но сега сè е подобро, па се надевам дека наскоро ќе излезам од болница“, заклучила таа.
ИМА 84. ГОДИНИ – Тереза Кесовија завршила во болница: „Болката беше неподнослива!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.