Хрватски епидемиолог: „Младите најчесто се заразуваат во ноќните клубови и на приватните забави!“

Младите во Хрватска се почесто заболуваат од вирусот на корона, а нови жаришта се ноќните клубови, забави за момчиња и девојки пред свадба, истакнуваат хрватските експерти.
Откако вчера вирусот беше потврден кај осумнаесетгодишник, епидемиологот Динко Пантариќ рекол дека станува збор за уште еден случај на синдром на ноќен клуб.
Според него, младите кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки се’ почесто се разболуваат.
Директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, Алемка Маркотиќ изјавила дека младите луѓе дефинитивно не се меѓу најризичните групи, но дека голем број од нив сега се меѓу заразените бидејќи не ги почитуваат мерките.
Таа изјави дека не може секој да биде казнет, ​​но ќе се обидат да воведт дополнителни мерки на места каде што се појавуваат жаришта и да видат како да се подобри ситуацијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …