Хороскопски знаци кои можат да ги исклучат ЧУВСТВАТА: Во животот се водат од разумот и логиката

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Три знаци кои функционираат на овој начин за да се заштитат
Има луѓе кои се водат од логиката и не дозволуваат емоциите да ги одведат на погрешен пат. Всушност, во секој момент можат да ги „исклучат“, како да имаат прекинувач на срцето. Од „надвор“ делуваат далечно, па дури и ладно, но тоа е нивниот начин на функционирање и заштита.

Близнаци
Паметни, реални и лесно приспособливи на ситуации, Близнаците можеби се меланхолични некое време, но нема да дозволат темнината да ги заведе. Брзо ќе размислат, ќе исклучат алтернативи кои не им одговараат и следното утро ќе бидат подготвени за својата нова авантура. Животот, на крајот на краиштата, продолжува.


Девица
Логиката на Девицата тешко дека ќе ја нарушат чувствата. Логично размислуваат однапред, ги разгледуваат претходните одлуки и се што тргнало наопаку, за да не се повтори. Анализата е начин да се одбрани од идна штета.

Јарец
Познати по својот реализам и логика, Јарците не дозволуваат никој да ја види нивната ранлива страна. Имаат многу трпение и со смирено размислување ќе најдат решение за сите дилеми, без емоции. Доколку е потребно, тие ќе ги направат сите неопходни промени за да може работите да се поправат. Плачењето и кукањето не им одговараат и нема да ги гледате ранливи и расеани од емоции.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На сред двор во земја пронашла тепих, набрзо пристигнала ПОЛИЦИЈАТА

Приказната „експлодира“ на социјалната мрежа TikTok и видеото собра речиси 20 милиони прегледи, а луѓето …