ХИТ ВО БЕРЛИН – ДЕВОЈЧЕ ТУЖЕЛА ХОР ОД МОМЧИЊА БИДЕЈЌИ НЕ САКАЛЕ ДА ЈА ПРИМАТ:Во тужбата навела дека тоа е родова дискриминација а последниот збор ќе го има судот!

Деветгодишно девојче тужела берлински хор со момчиња бидејќи не сакаат да ја примат како членка кај нив, а судот денес би требало да донесе одлука.
Во тужбата се тврди дека таа е одбиена само поради тоа што е со друг пол и дека тоа е родова дискриминација. Државниот катедрален хор, основан во 1465. година,е еден од најпознатите хорови на момчиња во Германија. Основач е Фридрих втори од Браденбург и за изминатите 554. години никогаш за член не примил некој од женски пол.



Девојчето чие име и презиме на се објавени, се јавила на аудиција во март оваа година и не е примена. Хорот тврди дека тоа што е одбена не е само поради тоа што е од женски пол и неа и бил понуден ангажман за да го покаже исклучителниот талент. Судот констатирал дека не покажала дека гласот ги исполнува барањата кои се бараат од кандидатите кои доаѓаат на аудиција.
Мајката на девојчето која ја поднела тужбата во нејзино име тврди дека добивањето да биде примена е дискриминаторска и го крши нејзиното право да и се пружи иста шанса како и на другите кандидати иако станува збор за хор кој го финансира и државата.
Адвокатката Сузан Бреклајн изјавила дека нејзината клиентка пеела во разни детски хорови од 2016 до 2018. година и дека била одбиена штом се пријавила на аудицијата, така што не и била дадена шанса да го покаже своето знаење и умеење.



Во декември минатата година добила писмо од шефот на Академијата на музички уметности дека никогаш нема да биде примена во хорот на момчињата. Во хорот има 250 момчиња на возраст од 5 до 25 години а се поделени во 11. хорски групи. Момчињата кои се музикални но не се музички образовани добиваат доучување без плаќање школарина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …