Горан Папаз ќе свири за Папата!

На 7ми Мај во Скопје, на покана од Католичката црква, Папаз е поканет да биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Францис.
Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, “Пресвето Срце Исусово” после 14:30 часот, каде папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.
Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе” и тие ќе се претстават со три композиции.


“Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд”, вели Папаз
На професионално поле Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен “Елегија”, и истиот ќе биде промовиран ова лето.
Неодамна во етер го пуштија синглот “Спомени” кој е најава за тоа што следи.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …