Годинешните младенци на Галичка свадба ќе бидат Огнен и Марина

Традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули.
За зет и невеста, Месната заедница Галичник ги избра Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска.
Младенците ќе ја крунисаат својата љубов низ триесетина обичаи коишто се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот и други.
Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден.
Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, тешка 25 килограми составена од педесетина делови, изработени со филигранска прецизност.
Според најавите, на 12-ти јули во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, целовечерен концерт ќе одржи Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија.
Извор: ГостиварПрес

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …