Глумец ненадејно починал во 29. година

АКТЕРОТ Џамил Френч ненадејно починал на 29-годишна возраст.
Портпарол на канадскиот актер, кој беше најпознат по улогата на Дејв Тарнер во тинејџерската серија Degrassi: Next Generation (Деграси: Следната генерација), ја потврдил веста за Page Six..
„Со тешко срце потврдувам дека мојот драг пријател и клиент Џамил Френч почина. Многумина ќе го паметат по неговата страст кон уметноста, посветеноста кон неговиот занает и темпераментната личност. Ве молам неговото семејство и пријателите да ги чувате во вашите мисли во ова тешко време“, рекол тој.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jahmil French (@jahmilfrench)


Неколкумина поранешни колеги на Џамил се простиле од него на социјалните мрежи.
Џошуа Сафран, извршен продуцент на проектот „Саундтрак“, го нарекол Френч како голема инспирација.
„Можам да потврдам дека мојот добар пријател, соработник и голема инспирација Џамил Френч почина вчера“, напишал Сафран на Твитер.
Актерката Ени Кларк споделила видео од Џамил како танцува.
„Срцето ми е скршено поради загубата на нашиот пријател Џамил … Толку полн со енергија и забава. Тој секогаш танцуваше. Вистински талент и одличен пријател. На сите ќе ни недостасуваш Џамил”, напишала таа.


Причината за смртта не е позната.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …