Германскиот детски филм „Смрдушковци“ од утре во кината

Германскиот детски филм „Смрдушковци“, во режија на Јенс Мулер и Тоби Генкел, од утре почнува да се прикажува во кината низ земјава и тоа во Кинотека со почеток од 14 часот, во кино „Милениум“ со почеток од 19 часот и во кино „Манаки“ – Битола од 18 часот. Филмот се фокусира на проблемите на семејството Смрдушковци, а приказната се врти околу зборот „дом“. Каде припаѓаме? Кој одлучува каде да останеме? Режисерот Генкел за пораката на филмот ќе рече дека е „ едноставна колку што е утопистичка: бидете отворени, не плашете се од работите што не ги знаете, помагајте им на луѓето во неволја – и на крајот сите победуваат“.

Во потрага по својот нов дом, Смрдушковци се наделуваат во Смрдвил, едно прекрасно и весело селце. На жалост, во Смрдвил има еден гаден проблем: локалната депонија ја згадува целата околина. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдушковци на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдушковци, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдушковци сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.


Филмот беше прикажан на најголемите фестивали за детски и фамилијарни филмови како Џифони Италија, Интернационалниот фестивал за деца и млади во Бусан, Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан, Германскиот медиа фестивал за деца „Голденер Шпац“ и други.

Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е помогната од German Films.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …