Гала настан и концерт на Нокаут по повод 8ми Март во Скопје

Со целовечерен концерт и гала настан во Скопје Мериот хотел, Нокаут ќе ja започне турнејата за одбележување на својот 25 годишен јубилеј и присуство на македонската музичка сцена, овозможувајќи единствена и неповторлива вечер.

Препознатливиот вокал на Никола Перевски Пере и бендот кој изминативе декади беше заштитен знак на нашата сцена,ќе понуди исклучително доживување и музичко патување низ 25 години творештво, исполнето со многу емоции, сеќавања и романтични моменти.


This image has an empty alt attribute; its file name is nokaut-pere.jpg

Концертот ќе се одржи на 8ми Март, со почеток во 20.30 часот во Свечената сала на Скопје Мериот хотел, целосно придржувајќи се до сите анти-ковид-19 мерки и протоколи.


Влезницата од лице изнесува 2.900 денари со вклучено ексклузивно мени и неограничено пиење.

Билетите се веќе во продажба и местата се ограничени.Истите можат да се купат од рецепцијата на Скопје Мериот, секој работен ден до 20 часот и за време на викенд до 17 часот.


Повеќе информации на 071253 820, 070290977 или skopje.sales@marriott.com.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …