Иако сме навикнати на фустани кои ги истакнуваат нејзините облини, овојпат таа избрала романтична креација со долги ракави која и прилега ФАНТАСТИЧНО.
Актерката Кристина Хендрикс присуствувала на вечера во чест на луксузниот бренд Roger Vivier, а на својот Инстаграм профил сподели слики од настанот.
Ѕвездата која се прослави во серијата „Луѓе од Менхетен“ за оваа прилика избрала мини фустан со туфни, а во преден план беше нејзината препознатлива црвена коса и блескава насмевка.
Инаку, Кристина важи за актерката со најлуксузната биста во Холивуд, а често нагласувала дека го обожава својот изглед и ја слави својата убавина, што другите треба да го прават кога станува збор за нивниот надворешен изглед.
„Порано тоа што имам поголеми гради ми правеше проблеми при купувањето, но со текот на времето научив да го сакам тоа“, додала таа.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram