(ФОТО) Жена се породила на аеродромот во Мајами па на девојчето и дале пригодно име

Меѓународниот аеродром во Мајами неодамна имаше специјален патник. Жена се породила таму во неделата наутро, откако пристигнала со лет на Американ ерлајнс од Чикаго, изјавил портпаролот на аеродромот Грег Чин за „Fox News“.
Жената требаше да фати лет кон Хондурас, но на крајот останала во Мајами малку подолго од планираното. Бебето е родено во 10:30 часот во тоалетот, со помош на екипажот и персоналот за спасување од пожари.
Неидентификувана мајка одлучила на своето новороденче да го даде името Миа, според аеродромот каде што е родена.
„Ни беше чест да помогнеме во раѓањето и горди сме што го доби името Миа“, додал Чин.


Фото: Twitter/Miami International Airport

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …