(ФОТО) Здравко Чолиќ: „Жената е столб на куќата, таа подобро ја држи од мажот!“

Миленикот на жените, Здравко Чолиќ, повторно успеал со својот глас да ја воодушеви публиката…
Тој неодамна го издаде новиот спот „Ničeg nije bilo između nas”, во кој е наратор, а вели дека на сопругата Александра никогаш не морал да и се правда…

„Мојата сопруга навистина не е љубоморна. Ние сме долго заедно и довербата која ја имаме е еден од благодетите на нашиот брак. Знаете, кога се бавите со работа со која јас се бавам, вашата друга половина мора да биде разумна. Александра од почетокот ме прифати со кариерата која ја имам, а бидејќи е еманципирана жена, немаше потреба било кога да се водат полемики околу жените со кои сум окружен. А, фала му на Бога ги има доста во публиката“, вели Чола.


Неговата кариера е долга неколку децении и се чини дека во ниту еден момент немала пад. Признава дека било тешко но и убаво да се успее на двата фронта – да се биде успешен во својата работа и во исто време да се биде примерен сопруг и татко на Уна и Лара.
„Имаше моменти и се’ повеќе ги има последните години, кога повеќе сакам да сум дома со сопругата и ќерките отколку на тркала, но животот е создаден од компромиси. Успеав да работам со слично темпо како и порано, а при тоа да не пропуштам важни моменти од одраснувањето на Уна и Лара. Сепак, жената е столб на куќата, таа подобро ја држи отколку мажот. Така и мојата мајка имаше најважен збор, а тато беше тој кој заработуваше“ вели Чолиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …