(ВИДЕО+ФОТО) Пред концертите Чолиќ го издаде спотот за песната „Ničeg nije bilo između nas”

Песната „Ničeg nije bilo između nas”, која ја освои публиката во регионот е петта нумера од новиот албум на Здравко Чолиќ која фобила и филмска илустрација.
Екипата на соработници се одлучила да ја екранизира песната која ја потпишува Александар Сретеновиќ, аранжманот е на Никша Братош, а е направена на филмски начин.


„Сензуалноста на сцените кои ги снимавме досега не се видени во спотовите на Здравко. Моравме да ја внесеме магијата на провокација, заведуавње, приказна која до крајот на спотот гледачите ќе ги држи во неизвесност“, вели Александар Керекеш Кеи, режисер на спотот кој својот визуелен печат го остава и на овој видео спот.


Приказната за млад брачен пар, кој минува низ емотивни искушенија и кризни моменти е снимана во Нови Сад.
„За време на слушањето на песната, со мојот тим, знаевме дека од неа дефинитивно ќе добиеме свој спот и дека тој мора да биде поинаков од останатите бидејќи тема тиката на текстот тоа го бара“, рекол Чолиќ.


Улогата на сопругата, младата пијанистка, на маестрален начин ја изнела Агнета Азировиќ, додека нејзин партнер е Иван Папиќ, во улогата на згодниот
професионален пливач задолжен за сцените на интрига и заведување со одличната Хелен Бабиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …