Со месеци ги стимулираше фановите да почнат со вежбање а сега познатиот „Терминатор“ објавил фотографија како вежба и на следбениците им дал увид во неговата фитнес рутина.
Тој ги воодушевил корисниците на Инстаграм со фотографија од теретана каде ги пумпа бицепсите и добил повеќе од 450.000 лајкови.
На црно-белата фотографија тој носи сива маичка додека тренира на седечка машина за виткање на бицепси. И тешко е да се поверува дека следниот месец ќе наполни 75. години.
Во октомври минатата година, легендата на бодибилдингот рече дека ја променил рутината за вежбање.
„Решив да се приспособам на моите години, да ги направам моите тренинзи малку поинакви и да се фокусирам на тоа да останам слаб и да избегнувам повреди. Затоа се оддалечив од дигањето тегови и се задржав на опремата за вежбање“, рекол тој.
View this post on Instagram
Шварценегер повеќе не тренира за да освои некоја титула туку за доброто на здравјето. За него тоа значи да тренира шест дена во неделата и да прави пет серии од по 20. повторувања од секоја вежба.
Фото: Принтскрин/Instagram