Дејвид Бекам за време на семејниот одмор во Италија го посетила полицијата, пишува The Sun.
Доаѓањето на поморската полиција се случило откако неговите деца, 16-годишниот син Круз и 10-годишната Харпер, се возеле со џет-скии. Еден од минувачите кој се нашолна брегот во близина на јахтата на Бекам, за британските медиуми изјавил дека за да возите џет-ски во Италија треба да имате дозвола што може да се добие од 18-годишна возраст.
Тој додал дека полициското испрашување траело околу 45. минути, но дека сè изгледало прилично пријателски.
„Дејвид се сончаше и веднаш ја напушти палубата и се спушти да се справи со тоа. Тој ги покани децата да се вратат и тие го закотвија џет скиите. Во еден момент тие побараа документи што Дејвид потоа им ги покажа. Ми се чини дека тие веќе препознаа за кој станува збор, дури го замолија и за селфи“, раскажал минувачот, кој тврди дека полицијата на крај се поздравила со пензионираниот фудбалер и си заминала.
Инаку, Бекамови пристигнале во Италија минатата недела. Покрај Круз и Харпер, Дејвид е придружуван од неговата сопруга Викторија и нивните синови Ромео и Бруклин. Ним им се придружила и свршеницата на Бруклин, Никола Пелц.
Фото:Принтскрин/Instagram