(ФОТО) Забележани црвени балони на Ford возилата низ Скопје!

Започнува новата сервисна акција „Врати му со љубов на твојот Ford“ по повод Денот на жената…
Денес, 8-ми март, Ford ја започнува својата нова сервисна акција наречена „Врати му со љубов на твојот Ford“.
Користејќи го токму Меѓународниот ден на жената како повод, Ford одлучи оваа акција да ја започне на интересен и симболичен начин, изненадувајќи ги сопствениците на Ford возило во главниот град.
Имено, по паркинзите низ Скопје беа забележани црвени балони со хелиум прикачени на возилата од марката Ford, како и рекламен материјал со подетални информации за оваа сервисна акција. Од Ford велат дека на овој начин сакаат да го одбележат Денот на жената, но и да подарат позитивна енергија и љубов на сите Ford сопственици.
Инаку, новата сервисна акција „Врати му со љубов на твојот Ford“ подразбира промотивни цени за редовен сервис, ламела сет со друк. лагер и оригинални Ford амортизери, а во сите цени е вклучена и работната рака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …