(ФОТО) Адриана Лима повторно сама и со емотивна порака до сите жени!

Последните месеци се пишуваше дека познатата бразилска манекенка е во врска со турскиот писател хара, но најново е дека е таа повторно сама. Можеби на тоа ја испирирала улогата на жената во општеството…
„Што е жена? Кога е тивка, низ главата и минуваат милион работи. Кога гледа во тебе, се прашува зошто толку те сака иако ја земаш здраво за готово. Кога ти вели дека ќе биде со тебе, тоа значи дека ќе стои цврсто до тебе како камен. Немој никогаш да ја повредиш“, стои во пораката од топ-моделот Адријана Лима до сите жени и мажи во светот.


Таа испрати порака пред меѓународниот ден на жената.

„Јас сум домаќинка што работи полно работно време. Мојата работа трае 24 часа дневно. Јас сум мајка. Јас сум жена. Јас сум готвачка, чистачка, келнерка, учителка, дадилка, медицинска сестра и советничка. Немам годишен одмор, немам боледување, немам слободни денови. Ова е посветено на сите жени,“ напиша Адријана.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …