(ФОТО) За Нова година потполна трансформација: Тијана во вакво издание ја немате видено!

Познатата пејачка го претставила својот нов изглед и предизвикала бура од коментари…
Годината која останува зад нас за Тијана Дапчевиќ била многу успешна. Познатата пејачка со учеството во популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ го претставила својот голем талент и се здобила со мноштво обожаватели.
Како некој кој никогаш не се либел да експериментра со својот изглед, Тијана Дапчевиќ сме имале можност да ја видиме во многу различни изданија. Сепак, неодамна се одлучила за нешто сосема поинакво.


По ексцентричната пинк фризура Тијана својата коса ја обоила во празнично расположение. Црвената боја одлично и прилега, а убавата пејачка својот стајлинг го дополнила со неодолливата црвена бунда која совршено се вклопува со новогодишната еуфорија.
„Црвено за радост, сепак е Нова година, а и нешто ми се согласува со бундичката“ го објаснила Тијана овој свој стилски експеримент.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …