Британската водителка Кети Пајпер неодамна ја имала 400-тата операција, со што се поправиле последиците од нападот што го доживеала пред 12. години, кога еден човек, ангажиран од нејзиното поранешно момче, и фрлил сулфурна киселина во лицето.
„Нејзиното око се опоравува добро, таа е расположена и не може доволно да му се заблагодари на неверојатниот медицински тим. Операцијата беше направена на очниот капак овој пат”, изјавил менаџерот на познатата Британка.
Таа во моментов е во болница на лекување за да се спречи каква било инфекција.
За време на нападот Кејти целосно го изгубила видот на левото око, а поради компликации морала да оперира уште едно здраво око.
За време на нападот, таа била на почетокот на нејзината водителска и манекенска кариера и уживала огромна популарност. Во своите раце ја имала и титулата Мис Винчестер, така што злобниот план на нејзиното тогашно момче Даниел Линч ќе ставиело крај на сè.
Инаку, пред грозоморниот чин, тој ја силувал Пајпер – цели осум часа.
На крајот бил уапсен и осуден на доживотен затвор. Минималната казна што мора да ја отслужи, дури и ако добие помилување, е 16 години.