(ФОТО) Вистинска зимска идила: Места од бајките кои морате да ги посетите барем еднаш во животот!

Овие зданија одземаат здив…
Туристичката посета на замоците станува се’ повеќе популарна. Кога ќе дојде зимата и ќе падне снегот, овие места се претвораат во бајка, а малку кој призор може да му парира.
Некои од нив биле инспирација за креаторите на прекрасните замоци во бајките на Дизни, како и на сценарија и места за правење филмови.Ве водиме во обиколка на некои од најубавите.
Замокот Елц се наоѓа во близина на реката Мосел помеѓу Кобленц и Трир. Елц е изграден во 12. век и неговиот средновековен изглед е единствен затоа што бил заобиколен од сите војни. Колекцијата, која може да се види во неа, се смета за една од најдобрите во Европа и опфаќа панцири и оклопи, златни и сребрени артефакти, порцелан, накит, па дури и некои парчиња мебел од времето кога е изграден замокот.


Лихтенштајнскиот замок е изграден дури во 19 век во чест на средновековните витези на Лихтенштајн, на место каде се наоѓал замокот од 12 век. Овој замок е познат по својата колекција оружје и оклопи, а посетителите се фасцинирани од камениот мост што го поврзува замокот на врвот на една планина со друга.

Замокот во Кохем бил повторно изграден во 1868. година, откако Французите целосно го уништиле замокот во 16. век, што за прв пат се споменува во 1130. година. Овој замок се наоѓа на еден рид над реката Мосел, и во него е сместена богата колекција на ренесансен и барокен мебел.

Замокот Шверин се наоѓа на езерскиот остров во Шверин, каде што стои веќе 11. века. Овој замок имал различни намени, прво бил дом на династијата Мекленбург, потоа на факултет и музеј, а понекогаш служи и за седница на собранието на сојузната држава на која и припаѓа. Освен импозантниот замок, туристите доаѓаат тука и во потрага по духот од 17. век.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …