Секогаш биле оригинални па така и овојпат решија да ги изненадат своите обожаватели…
Сестрите Тодевски и Тијана и Тамара, соодветно, ги израдуваа своите обожаватели и следбеници преку Инстаграм со најавата за нивниот прв заеднички концерт преку Интернет, кој ќе биде достапен за сите оваа вечер (23.02.) Со почеток во 21 часот. Спојот на двете сестри на сцената отсекогаш било многу интригирачко за публиката, која ги посакува индивидуално и како сестринско дуо, пред се поради нивниот вокал, но и поради нивната посебна енергија и темперамент со кои тие предизвикуваат внимание.
View this post on Instagram
Овој нивни заеднички настап се случува после подолго време, па во контекст на тоа Тијана ги повика своите обожаватели да ја симнат апликацијата YouBox преку која ќе можат да го следат концертот и истакна:
„Конечно ја фатив сестра ми да одржиме концерт заедно. Почнуваме во 21 часот“, напиша Тијана.
View this post on Instagram
На почетокот на овој месец, на нејзиниот роденден, Тијана Дапчевиќ ја промовираше својата нова песна „Слепа љубов“, потпишана од Срѓан Лазиќ и Дејан Ивановиќ, кои се автори на музиката и текстот, а автор на аранжманот е Горан Ковачиќ.
View this post on Instagram
Прекрасното видео што ја придружува песната дополнително ја нагласува романтичната црта на мелодијата што е присутна на репертоарот на Тијана, за што слободно можеме да кажеме дека со текот на годините таа е поуспешна во изведувањето на баладите.
View this post on Instagram
Доказ за тоа се силните комплименти кои пејачката ги доби на сметка на својата нова песна, која ви ја нудиме да ја преслушате и секако не заборавајте да се најавите преку апликацијата YouBox за да го следите заедничкиот онлајн настап на сестрите.
Извор: svet-australia.com/Билјана Биба Крнческа
Фото: Instagram