Ванеса Брајант, вдовицата на кошаркарскиот великан Коби Брајант, неодамна започналаправна битка со компанијата што го поседуваше контроверзниот хеликоптер Sikorsky S-76B, Island Express Helicopters, пренесуваат американските медиуми. Но, се чини дека сега мора да се соочи и со обвинувањата на сопствената мајка.
Имено, Софија Лејн во интервју за Univision открила дека нејзината ќерка ја избркала од куќата и и го зела автомобилот што и го дала за употреба. Не долго после тоа, Ванеса проговорила и ја раскажала својата страна на приказната.
„Мојот сопруг и ќерка ми починаа неочекувано, а мајка ми бесрамно дава интервју во кое зборува грдо за мене и плаче заради куќата и автомобилот кои не гласат дури ни на нејзино име. Го сокри дијамантскиот накит, го испразни станот што и го обезбедив и го чуваше мебелот во магацинот за да испадне дека останала без ништо“, рекла Ванеса и додала:
„Ние ја издржувавме последните 20. години, и јас продолжив да го правам тоа. Наспроти она што се пишуваше, таа не беше ниту физички ниту емоционално со мене и моите ќерки откако ќерка ми и сопругот загинаа во несреќата. Сега гледам што и е најважно на мајка ми и тоа страшно ме боли. Се надевам дека јавната дебата за нашите приватни односи ќе престане тука“, рекла таа на крајот.