СЕЛЕНА Гомез решила со својот пример за да ги охрабри другите да го сакаат своето тело.
“Откако ми го пресадија бубрегот, се сеќавам дека на почетокот беше тешко да се покаже лузната. Не сакав да се гледа на фотографиите, затоа носев облека што ја покриваше. Сега, повеќе од кога било досега, сигурна сум во тоа која сум и низ што поминав и горда сум на тоа“, напишала популарната пејачка во описот на фотографијата на која позира во едноделен костим за капење.
Да потсетиме, во 2017. година, Селена ги изненади обожавателите откривајќи дека имала трансплантација на бубрег и безброј пати после тоа отворено зборуваше за сè низ што минала. Новиот бубрег и требал поради лупусот, состојба што предизвикува хронично воспаление и болка во кој било дел од телото. Исто така, може да му наштети на кој било дел од телото, вклучувајќи ги зглобовите, кожата, бубрезите, срцето, белите дробови, крвните садови и мозокот, наведува изворот Medline Plus од Националната медицинска библиотека на САД.
Бубрегот и го донираше нејзината пријателка Франсиа Раиса, а Гомез признава дека сè уште не може да верува дека се согласила на тоа.