(ФОТО) Вака Путин се обидел да ја заплаши Ангела Меркел пред новинарите во 2007. година

Путин знаел дека во 1990.ттите Меркел била касната од куче и дека оттогаш се плаши од овие домашни миленици…

Во 2007. година Ангела Меркел го посетила Путин во Русија. Тогашната германска канцеларка седела со Путин во неговата претседателска резиденција во Сочи, кога во просторијата без никаква најава влегло огромно црно куче. Путин, секако добро свесен за стравот на Меркел од кучињата, чекал да се соберат новинарите и снимателите и им наредил да го пуштат кучето во собата. Путин знаел дека во 1990.ттите Меркел била касната од куче и дека оттогаш се плаши од овие домашни миленици…


Тоа била една од најдобрите прикази за тоа како Путин сака да го користи секој момент за да се обиде да ја покаже својата „супериорност“. Дури и кога воопшто нема потреба од тоа. Додека Меркел, вкочанета и видно шокирана, гледала како црн лабрадор по име Кона се движи околу неа и ја мириса, Путин не се трудел да ја скрие својата самозадоволна насмевка.


А потребата на Путин да биде „мачо“ и е добро позната на јавноста со години. Претходно, тој често се фотографираше гол до половината и носеше очила за сонце на коњ, носеше ловечка пушка и леташе со борбен авион. Во 2021. година, Кремљ објави дури 20. фотографии од Путин како стои во река на риболов, шета по ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

This image has an empty alt attribute; its file name is putin-kreml-1.jpg

This image has an empty alt attribute; its file name is putin-kremlj.jpg

А зошто му треба на Путин да позира гол и да ги плаши другите со големи кучиња? Вака Меркел го објасни тоа во 2014 година.

This image has an empty alt attribute; its file name is putin-i-merkel-2.jpg
„Разбирам зошто мораше да го направи тоа – да докаже дека е маж“, рекла Меркел неколку години подоцна, потсетувајќи се на инцидентот со кучето. „Тој се плаши од својата слабост. Русија нема ништо, нема успешна политика или економија. Сè што имаат е ова“, додала таа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …