(ФОТО) ТВ ѕвезда пронајдена мртва во својот дом: Имала само 26. години!

Актерката од Јужна Кореја Сонг Јо-џунг починала на 26-годишна возраст, потврдила нејзината агенција во понеделникот.
„Актерката Сонг Јо-џунг само што не напушти“, напишале од нејзината агенција на Инстаграм. „Таа беше пријателка која секогаш ни пруѓаше среќа со светла насмевка и одлична актерка со повеќе страст од било кој друг“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by 송유정 (@u_jjooung)


Сонг починала на 23. јануари и во согласност со желбите на нејзиното семејство, погребот бил многу тивок.
Во соопштението не се наведени причините за смртта.
Сонг дебитирала во 2013. година како модел за козметичката компанија Estée Lauder. Истата година глумела во ТВ-драмата Golden Rainbow и добила споредни улоги во уште две серии во 2014. и 2017. година.
Нејзината последна улога била во 2019 година кога го толкуваше главниот лик во драмата Dear My Name.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by 송유정 (@u_jjooung)

Во последните години има многу смртни случаи на млади и славни личности во Јужна Кореја. К-поп-sвездата Ким Јонг-Хјун си го одзел животот на 27-годишна возраст во декември 2017 година.
Во октомври 2019 година, пејачката Сули била пронајдена мртва во нејзиниот дом на 25-годишна возраст. Околу шест недели подоцна, поп-пејачката Гу Хара (28) била пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …