(ФОТО) Трите сестри Грубовиќ позираат со ќерките: Натали за првпат го покажа бебето!

Со години беше наша „Лото“ девојка за да еден ден реши и си замине. Но, повторно се врати за да тука го донесе на свет своето прво дете…
На 27.ми септември во една приватна скопска клиника со своето прво дете се породи поранешната Бинго девојка Натали Грубовиќ, која на свет донесе девојче.
Убавата вест инстантно ги преплави домашните медиуми, иако претходно Натали ги избегнуваше медиумите, па ретко кој знаеше дека е бремена, а веста за тоа дека стана мајка сите ја дочекаа како изненадување.
Поранешната водителка и манекенка остана мистична и’ по породување, но нешто подоцна реши да проговори за тоа кое име го доби нејзината ќеркичка, како и тоа дека и сама била изненадена од одлуката на нејзиниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац, кој го имал последниот збор како ќе се вика малечката.
Имено, наследничката на мама Натали, се вика исто така Натали, име за кое се одлучила уште кога ја видела на прв поглед.
По речиси два ипол месеци, сестрите Грубовиќ, Натали, Марија и Радица, направија семеен портрет и позираа покрај ќерките.
Марија прва доби своја наследничка, потоа Радица, а сега и Натали. Фотографијата екс-манекенката и Бинго девојка ја објави на социјалните мрежи, за сите да го видат нивното најголемо богатство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …