Боки 13 му помогна на познатиот готвач Антонио: Ќе остане во својот дом и ќе добие работа!


По вчерашната објава за Антонио Јанковски, познатиот македонски готвач кој боледува од карцином, и веста дека мора да ја напушти куќата во која живее, Бојан Јовановски, претседателот на Меѓународен сојуз – Скопје, јавно рече дека ќе му помогне.

Во јавноста познат како Боки 13, на својот фејсбук-профил напиша дека проблемот на Антонио е решен.
„Другари, случајот со познатиот готвач Антонио е комплетно решен! Тој ќе си остане во својот дом, ќе добие сигурно вработување и заедно ќе се бориме за подобрување на неговата здравствена состојба“.
Антонио е прекрасен, талентиран млад човек кој заслужува се најдобро!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Денес, со почеток во 19:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе биде промовиран романот „Јод“ од …