Џенифер Анистон конечно се придружила на Инстаграм и со првата фотка со „пријателите“ веднаш го урнала интернет. Многу колеги глумци,познаници и фанови на таа социјална мрежа и посакале добредојде , а меѓу нив и нејзиниот тренер Лејон Азубулике.
Тој објавил досега невидена фотка од еден нивен заеднички тренинг со која покажал колку интензивно работат на линијата на Џенифер.
Имено, Лејон во раце ја држи Џенифер, исцрпена од боксерскиот тренинг кој го одработиле.
„Види кој е тоа! Добредојде на Инстаграм, шампионко“, напишал Лејон кој славната глумица ја тренира три до четири пати неделно.