(ФОТО) Трагедија: Почина sвезда од серијата „Сексот и градот“, снимањето е прекинато!

Стенфорд Блеч, најдобриот пријател на Кери, од култната серија „Сексот и градот“, починал на 57 -годишна возраст.
Вили Гарсон, кој го играше допадливиот Стенфорд Блеч во серијата „Сексот и градот“ и беше најдобриот пријател на Кери, почина на 57 -годишна возраст. Неговиот син Нејтан (20) објави потресна објава на Инстаграм:
„Те сакам многу, тато“, напиша Нејтан на својот профил на Инстаграм.


View this post on Instagram

A post shared by Nathen Garson (@nathen_garson)


Сите го сакаа Стенфорд
Вили Гарсон е роден во 1964. година и долго време беше познат по ликот Мози во серијата „Бели крагни“, а потоа и по улогата на Жералд Хиршер во серијата „Хаваи 5“. Сепак, тој се здоби со светска слава дури во серијата „Сексот и градот“, каде што сите го сакаа како најдобар пријател на Кери, кој е хомосексуалец и совршено ја разбира модата. Стенфорд во серијата се ожени со долгогодишниот партнер.


Вили починал по долга борба со ракот.

Стенфорд последен пат беше виден во јули на снимање на филмот „Сексот и градот“ во Њујорк со Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …