(ФОТО) Тони Цетински открил што му помогнало да продолжи понатаму после несреќата во која усмрти пешак

После сообраќајната несреќа во која усмрти пешак кој лежел на улицата, Тони Цетински се повлече и долго не настапуваше. Откажа неколку настапи, но се чини времето му помогнало да се извлече од „депресијата“ после несреќата…

Како се чувствувал на првиот концерт, во Задар, после несреќата во Ровињ?
„Ситуцијата ми покажа дека освен секојдневните хејтери, кои и инаку ги имам без оглед на тоа што ти се допаѓа, се појави таа сива маса, јас ја нареков ’фронт на добри луѓе’. Се појавија многу луѓе кои застанаа во моја одбрана, кои ја сфатија, реално, целата ситуација, и после тоа ми беше многу полесно да излезам на бината. На половина концерт сеуште не бев свој, но подоцна успеав…Засега, и понатаму со поддршка на добрите луѓе, одам понтаму и се надевам дека се’ ќе биде ОК. И’ дека и понатаму ќе го следат тоа што го работам, и уште години и години ќе ме поддржуваат во толкава мерка“ рекол Тони.
Цетински продолжува со работата. Наскоро ќе издаде нов сингл, во април и албум, а потоа ќе одржи два големи концерти во Загреб.
Тони Цетински бил многу активен и на социјалните мрежи на кои во последно време често му испраќа пораки со поддршка на својот колега Оливер Драгојевиќ.
„Ме погоди квазиновинарството овие денови, па и овие години…Секако дека ме погоди неговата состојба, го погодува секој човек, не мораш ниту да го познаваш за да те погоди. Но, верувам дека ќе биде јак и дека ќе мине тоа и дека ќе му биде подобро. И секогаш ќе му бидам поддршка, колку што можам, бидјеќи тој ми беше најголема поддршка во моите почетоци“ заклучил Тони.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …