(ФОТО) ТОМ БРЕЈДИ објави фотографии од своите ДВЕ ПОРАНЕШНИ ЉУБОВИ и им се обрати: И’ двете пораки се коментираат, сите имаат да му порачат само ЕДНО!

Том Брејди на Инстаграм објави специјална серија фотографии. На тие слики се неговите две поранешни љубови Жизел Биндхен и Бриџит Мојхахан. Покрај фотографиите, тој објави и пораки во кои им се заблагодарува на важните жени во неговиот живот.
Легендата на НФЛ ги има ќерката Вивиен (10) и синот Бенџамин (13) со поранешната сопруга и модел Жизел Биндхен, а со поранешната партнерка и актерка Бриџит Мојхахан го доби синот Џон Џек Едвард Томас (15).
„Среќен Ден на мајката на овие неверојатни жени кои му дадоа толку многу на нашето семејство. Ви благодарам на сите за вашата љубов, сочувство и добрина и што сте прекрасни примери за нашите деца. Сите сме многу благодарни за вашата поддршка и помош да ги оствариме нашите соништа…“, напиша Брејди на Инстаграм, кој објави и фотографија од својата мајка.

View this post on Instagram

A post shared by Tom Brady (@tombrady)


Жизел Биндхен и Том Брејди се разведоа во 2022 година по 13 години брак. Тие го делат старателството над децата. Познатата манекенка изјавила дека разводот бил тежок за поднесување, но дека бил неизбежен бидејќи таа и нејзиниот поранешен сопруг тргнале по различни патишта во животот. Таа негирала дека разводот е предизвикан од неговата одлука да се врати на спортот по кратка пауза. Набргу по крајот на бракот, Брејди донесе одлука да се повлече од светот на американскиот фудбал.
Тој е во одличен однос со Бриџит Мојхахан и таа јавно му честиташе секој пат кога победуваше на важни натпревари.
Брејди воодушеви многумина со пораките што им ги испрати на Жизел и Бриџит и неговата мајка. Голем број познати личности на Инстаграм го одбележаа денот посветен на мајките.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …