Нигерискиот актер, писател и режисер Марфи Афолаби починал на 49-годишна возраст, вчера во раните утрински часови во својот дом во Лагос, пишува Daily Post во Нигерија. Пријателите ја дочекале веста со тага и шокираност. Режисерот и продуцент Тунде Ола-Јусуф вчера попладне на Фејсбук потврдил дека Афолаби починал.
„Почивај во мир. Господ да им даде храброст на твоето семејство и на блиските соработници да ја поднесат загубата. Добра ноќ Марфи Афолаби“, напишач продуцентот на Фејсбук.
Режисерот Фиделис Дукер на социјалната мрежа напишал: „Што навистина се случува? Сега го гледам на филм“. На Инстаграм, актерот Јоми Фабији го опишал починатиот актер како талентирана, креативна, вредна, скромна, личност која секогаш ги поддржуваше другите.
View this post on Instagram
Покојниот актер наводно бил татко на три деца, два сина и една ќерка. На 5 мај го прославил својот 49-ти роденден.
Афолаби се појави во повеќе од 60 филмови, вклучувајќи ги и популарните филмови „Ifa Olokun Omowunmi“ и „Blackout“. Се прослави со улогата во филмот „Omo Rapala“, пишува „Дејли мејл“. Пишувал сценарија и работел како директор на „Fatuns Films Production“.
Фото: Принтскрин/Instagram