Многу земји го ДОНЕЛЕ правилото за задолжително носење маски во јавниот превоз, а некои граѓани се обидуваат на секој начин да го покријат лицето.
Така еден Британец ги изненадил сите патници во автобусот што сообраќал од Свинтон до Манчестер.
Наместо маска, тој носел змија! Змијата се завиткала околу неговиот врат и покрила дел од лицето, а тој изгледал како да тоа една обична глетка.
“Отпрвин помислив дека има интересна маска. А потоа видов дека ја остави змијата да се обвитка и околу шипката. Никојму не му пречеше, напротив, беше многу забавно”, рекол еден патник.