Немири избувнаа во друг американски град, Ланкастер, Пенсилванија, после уште едно полициско убиство. Убиен е 27-годишниот Рикардо Муњоз.
Да потсетиме, протестите низ Америка траат од мај, кога афро-американецот Џорџ Флојд беше убиен за време на апсењето.
Сепак, како што покажува камерата, убиството на Муњоз било поинакво.
Полицаецот очигледно пукал во самоодбрана затоа што Муњоз го нападнал со нож. Осомничениот излетал од куќата и го нападнал полицаецот, држејќи нож над главата, во позиција подготвена за напад.
Потоа полицаецот извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон Муњоз.
Неименуван полицаец дошол на таа адреса откако жената пријавила дека нејзиниот брат е агресивен кон нивната мајка и дека се обидува да упадне во куќата.
Наскоро било потврдено дека Муњоз бил уапсен минатата година за прободување четири лица во Ланкастер. Кога полицијата го пронашла, тој држел нож на сопствениот врат, но полицијата успеала да го совлада.
Ricardo Munoz, the man in Lancaster, Pa. who was shot & killed by a cop yesterday after charging at him with a knife, was arrested last year for stabbing four people. His death sparked BLM-antifa rioting overnight. https://t.co/pFJsw7Wm4w pic.twitter.com/68TpgnrqgQ
— Andy Ngô (@MrAndyNgo) September 14, 2020
Се наведува дека Муњоз бил ментално болен, со дијагноза на биполарно растројство и шизофренија. Неговата сестра потврдила дека не земал лекови веќе некое време.
И покрај сè, стотици луѓе излегле на улиците незадоволни од потегот на полицаецот.