(ФОТО) The Rock можеби носи розова маичка но во неа ги открива сите свои адути!

НАЈПЛАТЕНИОТ гкумец на светот е познат по своите јаки мускули, а тоа и не е чудно бидејќи никогаш не запира.
Двејн Џонсон попознат како The Rock,вели дека неговиот живот е теретаната, односно „железниот рај“. Тренира секој ден во неделата, а на неколку локации изградил сопствена теретана за да секогаш може да вежба.
На објавената фотографија на Инстаграм, Двејн крева тегови и по изразот на неговото лице воопшто не се лесни.
На фотографијата се оцртува секој мускул на неговото тело и докажува дека е еден од најјаките и најупорните луѓе на светот.


„Розева за победа“, стои во описот на фотографијата која собрала повеќе од 2,5 милиони лајкови.
„Погледнете ги тие мускули“, „Ми се допаѓа твојата маичка“, „Сакам кога објавуваш вакви фотографии, тоа ме мотивира“, биле само некои од коментарите на неговите верни следбеници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ достојно го претставија македонското карате во Анталија

Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот …