Американски борач и актер Шад Гаспард (39) е пронајден мртов откако исчезнал додека викендов пливал со својот син на плажата Венеција соопштила полицијата.
Поранешниот професионален борач и актер Шад Гаспард исчезнал откако пливал со својот 10-годишен син во неделата. Тој бил на 50 метри од брегот кога бил „покриен со бран“ кој го повлекол во длабочините.
Момчето е спасено, како и неколку други пливачи, сепак Гаспард исчезна. Неговото безживотно тело е пронајдено во вторникот во близина на пристаништето. Властите подоцна го потврдиле неговиот идентитет.
„Спасувачот се обиде да ги доведе Гаспард и неговиот син на безбедно. Тој сакаше да ги спаси и двајцата, но таткото рече: ‘Спаси го мојот син'”, изјавил началникот Кен Хаскет за NBC News.
Гаспард бил дел од WWE тимот Cryme Tyme, а после престанувањето на боречката кариера дсе свртел на глумата.