(ФОТО) Тамара и тимот дочекани на аеродром: „Среќна сум што ве направив горди!“

По историскиот успех на Тамара Тодевска и „Горда“ на евровизискиот натпревар во Израел, таа како вистински победник беше пречекана на скопскиот аеродром.

Видно возбудени, но и изненадени од срдечниот пречек насмевките на задоволство и изненадуавње на се симнуваа од лицата на тимот кој на Македонија и го донесе истористиот пласман, а малку недостасуваше и победа доколку имаше повеќе поени од телевоутингот, но…


„Среќна сум што сите бевме обединети изминативе денови и што ве направив горди“, кажа Тамара Тодевска по пристигнувањето во Скопје.


Тамара и нејзиниот евровизиски тим на аеродромот ја пречекаа стотина граѓани, семејството и владина делегација во која беа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.

„Ви благодарам. Тоа што го видовте на евровисискиот настап е резултат на тимска работа, посветеност и љубов. Во финалето ни стана јасно дека сѐ вредеше. Многу сум среќна што направивме добар резултат иако искрено очекувавме повеќе“, рече Тамара по пристигнувањето на Скопскиот аеродром и ја запеа евровизиската песна.


Авионот со кој Тамара и нејзиниот тим слета во Скопје од Тел Авив доцнеше неколку часа, поради силниот јужен ветер. Тамара им се извини на присутните за доцнењето и им рече „не беше наша вина што доцневме“.

На евровизиското финале Македонија се пласираше на осмото место, што е најголем успех досега. По гласањето на жирото Тамара беше на второ место со само 2. поена зад Шведска, а речиси до самиот крај беше на врвот на табелта. На крајот, по гласовите на публиката со скромни 58 бода, заврши на осмото место.

Придружни вокали на Тамара беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев. „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …