(ФОТО) Светски виолинист свирел во њујоршко метро – заработил 30. долари: ПОУКА – „Одете таму каде што ве ценат!“

„Еден виолинист 45 минути свиреше на виолина во њујоршкото метро.
Некои луѓе застанаа да го слушаат, а некои поминуваа без да ја свртат главата.
Заработи околу 30 долари бакшиш.
Никој не знаеше дека виолинистот е Џошуа Бел, еден од најдобрите музичари во светот.
Џошуа ја свиреше една од најдобрите пиеси со виолина која чинеше 3,5 милиони долари.
Два дена пред да свири во метрото, Џошуа свирел во театар во Бостон, каде најевтиниот влезен билет изнесувал 100 долари.
___________________
Експериментот докажа дека ни најпознатиот човек не би се истакнал на обично место. Никој нема да ја знае неговата вредност.
Во светот има милиони извонредни луѓе кои не се на вистинското место. Нивните вредности се појавуваат веднаш штом ќе ја променат околината.
Поука: Одете таму каде што ве ценат“, напиша наставникот Гоце Бумбароски на својот профил на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …