(ВИДЕО) Dacia Duster како продолжена деловна лимузина

За оваа прилика Duster е продолжен за 152 см, а меѓуоскиното растојание е растегната на дури 419 см.
Механичко-технолошкиот факултет во Питешти, Романија неодамна организираше саем за автомобили со различни проекти на своите студенти. Една од најважните теми на саемот беше преработката на возилата Дачија, компанија која има фабрика во близина на Факултетот.


Ова беше можност да се прикаже лимузинската верзија на првата генерација Duster од 2018 година, чија конструкција е заслужна за студентите и да дознаат повеќе за неа.
Duster е продолжен за 152 см, односно меѓуоскиното растојание е растегнато до 419 см, а вкупната должина на возилото е 584 см. Конструкторите ја нарекоа „мобилна канцеларија“.

This image has an empty alt attribute; its file name is dacia-daster.jpg


Dacia Duster има пет седишта, вклучувајќи два реда од две седишта свртени еден кон друг назад. Покрај страничните прозорци, на покривот има и три стаклени отвори.
Патниците имаат на располагање приклучоци за полнење лаптопи и интернет конекција преку мобилна мрежа, голем екран и камера која им овозможува видео конференции.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …