(ФОТО) СУДБИНИ – Ја пронашла последната порака од сопругот кој починал од корона вирус:„Ако најдеш некого…“

Кога Кејти Колео (33) пристигнала во болницата, нејзиниот сопруг Џон (32) веќе бил мртов и не успеала да се збогува со него…
Кога Кејти Колео (33) пристигнала во болницата, нејзиниот сопруг Џон (32) веќе бил мртов и не успеала да се збогува со него. Последните месеци од својот живот ги поминал на лекување од вирусот корона, и Дури кога од болницата и биле вратени неговите работи и кога го прегледувала неговиот мобилен телефон за да ги спаси фотографиите, таа ја нашла последната порака што и’ ја напишал.


“Те сакам со сето мое срце и со тебе го поминав најдобриот живот што можев да го замислам. Среќен сум и горд што сум твој сопруг и татко. Кејти, ти си најубавата и најгрижлива личност што некогаш сум ја сретнал. Ти си навистина единствена. Потруди се да го проживееш животот со истата среќа и страст што ме натера да се заљубувам во тебе. Да те гледам како најдобра мајка на нашите деца е една од најдобрите работи што ми се случија“, напишал тој.



Кејти не знаела дека тој ја снимил пораката, а сигурна е дека тој ја напишал неколку недели пред да почине.
„И покрај тоа што тој се бореше цел месец, знаев дека до последната секунда тој сакаше мене и на децата да ни биде обро. Тој знаеше дека мора да ми напише нешто затоа што долго време не можевме да разговараме“, рекла таа за „Buzzfeed”.“.
Во пораката јасно и ставил до знаење дека сака после него таа, ако може,да пронајде среќа и љубов.


“Бев многу среќен. Ако најдеш некого, не двоуми се ако знаеш дека тој ќе ве сака тебе и децата. Јас би го сакал тоа за вас. Секогаш биди среќна без оглед на се”, напишал Џон.
Двајцата се запознале додека студирале, а се венчале во 2013. година. Имаат две деца, двегодишниот Браејдан и Пени, која има само 10. месеци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …