Жељко Бебек (71) е надалеку познато име, но и надалеку познат глас.Го следи и’ интересна љубовна приказна, со третата сопруга Ружица.
Кога сте рок легенда, тогаш се подразбира дека сте воделе буден живот па бурните животни предизвици и големи возбудувања не го одминале ниту Жељко Бебек, некогашен пејач на култното „Бијело дугме“.
Многу нешта „протуркал“ Бебек, и како пејач на споменатиот состав и подоцна како солист. И додека ја градел кариерата не бегал ниту од брак, три пати се женел. Прво со Сандра, па Споменка и на крај во 2002. со 24. години помладата Ружица.
Се запознале кога таа му побарала автограм, а денес се не само сопружници туку и деловни соработници.
„Кога ја сретнав Ружица сфатив дека таа е љубов на мојот живот. Само со неа можам а живеам во хармонија“ рекол Жељко.
И, иако може да се каже дека „се смирил“ поради годините, се чини дека љубовта сепак била таа која Бебек го врзала за мирното семејно пристаниште.
Љубовното задоволство не го крие ниту Ружица, па на Фејсбук на сиот глс порачува дека е среќна жена (тоа го пишува во нејзиниот профил). Повљубен пар тешко ќе се најде на регионалната музичка сцена.
Двојката има две девојчиња, а Жељко Бебек од претходите бракови има ќерка и син.
(ФОТО) Срцето на Жељко Бебек го заробила 24. години помлада жена
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.