(ФОТО) СРЕЌНА ВЕСТ – Криси Тајген и Џон Леџенд чекаат бебе речиси две години по спонтаниот абортус

Манекенката Криси Тегејн и пејачот Џон Леџенд открија дека чекаат дете. За потсетување, Криси пред две години доживеала спонтан абортус, а болката што ја чувствувала детално ја опишала на својот Инстаграм профил.
Криси по спонтан абортус отиде на ИВФ, а вчера ја објави среќната вест.
„Последниве неколку години во најмала рака беа полни со емоции, но радоста повторно ги исполни нашиот дом и срцата, очекуваме уште едно дете“, напишала таа.

Таа додала дека се плашела од нова бременост откако абортирала во септември 2020. година.
„На секој преглед си велев: ‘Во ред, ќе објавам дека сум бремена ако бебето е здраво’, потоа дишам со олеснување кога ќе го слушнам отчукувањето на срцето и одлучувам дека сум премногу нервозна за да ги објавам вестите. Мислам дека никогаш нема да завршам со прегледот и ќе бидам повозбудена, прилично нервозна, но засега се е совршено и се чувствувам прекрасно. Беше многу тешко толку долго да се скрие фактот дека бев бремена“, навела таа.


View this post on Instagram

A post shared by John Legend (@johnlegend)


Криси и Џон ги имаат шестгодишната ќерка Луна Симона и четиригодишниот син Мајлс Теодор.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …