(ФОТО) СРЕЌА: Јана Стојановска конечно ужива со синот во прегратка!

Не бадијала се вели дека животот е чудо и на моменти ни донесува тага но потоа и убави моменти…Токму во тие убави, најубави во случајов, моменти сега ужива Јана Стојановска која предвреме на свет го донесе своето прво дете – синот Ненад…
Неодамна за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, младата актерка Јана Стојановска откри дека се породила предвремено во седмиот месец во бременоста, а кога и пукнал воденикот била во Романија каде нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ е ангажиран во клубот каде игра.
Кога зборуваше за „Бекстејџ“ се уште беше во Букурешт, а сега со спокојна душа и со синчето Ненад во рацете се врати дома.


„Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Сѐ уште не бев сигурна дали сакам да се породам во Романија или да се вратам во Скопје. Пукна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков: „Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот…“, раскажа своевремено Јана.

Но, сето тоа е сега за Јана и нејзиниот сопруг минато. Малечкиот наследник името го доби по својот дедо, актерската легенда Ненад Стојановски, а приказната денес има среќен крај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …